Новиот спот за песната „Teбе чувам за крај” на Здравко Чолиќ, која веќе е радиски хит во регионот, можете да го погледнете на YouTube каналот на Здравко Чолиќ.

 

Спотот е сниман во Лисабон, еден од најубавите поморски градови во Европа. Уживајќи во прекрасниот амбиент кој совршено ја отсликува музичката тема на песната, чиј текст и музика се на Мирослав Рус, а режисер на спотот Александар Керкеш Кеки.

Имав идеја спотот да се сними во Лисабон, поради музиката, па затоа режисерот и јас размислувавме за тоа. Жанрот на песната е таков… еден вид на салса, асоцира малку на фадо и латино музика, „португал“, полу бразилијано…и затоа конечниот избор падна на Лисабон – открива Чолиќ.

Чолиќ доби улога на фотограф, кој лутајќи по романтичните улици на португалската престолнина и прекрасниот брег на Атлантскиот океан прави колаж од најразлични фотографии кој на крајот на спотот води до финална слика и ја открива жената која ја чува за крај.

Прекрасно е чувството што Чолиќ ја пее мојата песна. Како мал многу го сакав собирањето на сликички, па тоа го пренесов во музика. Годините го направија своето, ми недостасуваше само Здравко Чолиќ. Ете така настана песната „Teбе чувам за крај” – открива авторот Мирослав Рус, за која аранжманот го потпишува Никша Братош.

Ова е четврта екранизација на песна од новиот албум “Оно мало срече”, првото заедничко регионално издание на двете најголеми издавачки куќи PGP RTS i CROATIA RECORDS.

OhridNews