Охридските стрелачки јуниорки имаа нов солиден настап на петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје по меѓународна програма кој се одржа на 18 ноември во Штип. Челниците на Стрелачката федерација на Македонија одново останаа неми на барањата од охридскиот клуб да не се организираат натпревари на места кои не ги исполнуваат оптималните услови за натпреварување. Клубот од Охрид реагира и за задоцнувањето од 15 минути кое лошо влијае во подготовките на стрелците за пукањето.

Но, покрај и сите овие проблеми членовите на охридскиот клуб се покажаа во добро и победничко светло. Во јуниорска конкуренција Мартина Петровска со резултат 402.4 кругови го освои првото место, а во генерален пласман се закити со бронзен медал. Втората позиција и припадна на Анастасија Мојсовска со резултат од 396.1 кругови за четврто место во севкупен пласман. Одличниот викенд за јуниорките го комплетираше Јана Маркоска која заврши на третата позиција, а во севкупен пласман финишираше на шестото место. Младата Јована Милевска во од ги следи поискусните стрелачки и со резултат од 387 кругови се најде помеѓу ТОП 5. Петтата учесничка од охридскиот клуб Мартина Кочовска имаше успешен кам бек после една година забележувајќи резултат од 372.6 кругови за осма позиција.

Охридскиот клуб реагира и за однесувањето на селекторот, кој против сите правила во стрелаштвото гласно ги советувал своите стрелци.

OhridNews