Бесплатната програма за интернет комуникација „Скајп“ доби четврта верзија, која освен нов дизајн, нуди повеќе можности за остварување квалитетни видеоповици. Верзијата 4.0 е збогатена со зголемени димензии на видеопрозорецот и нова аудио програма, но специјализираните магазини како најголема предност на популарниот софтвер ја истакнуваат стабилноста на аудио и на видео повиците.


Во неповолни околности на слабеење на интернет-конекцијата, програмата автоматски го намалува бројот на фрејмови и ги компресира фотографиите за да избегне прекинување на врската.

ohridnews