Специјализираната болница ЈЗУ Нефрологија Струга доби две нови инвестиции. Како што информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион стануза збор за инвестиција во централен систем за дистрибуција на кислород во три сали за хемодијализа и во три соби наменети за интензивна нега, како и подобрување на условите за хемодијализа преку набавка на опрема реверзна осмоза.
Со ова се подобруваат услугите преку обезбедување на безбеден систем за снабдување со кислород, со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги на Центарот за болните од хронична и акутна ренална инсуфициенција, посочуваат.
Инвестицијата е во вредност од 3.800.000 денари, а проектот се финансира преку Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Изведувач на работите за дистрибуција на кислород е Друштво за производство на индустриски гасови ТГС ТЕХНИЧКИ ГАСОВИ од Скопје, додека за реверзната осмоза ДПТУ Фарма Трејд од Скопје.
OhridNews