Актуелниот македонски пејач – Боби Мојсовски, познат на јавноста како вицешампионот на овогодинешниот “X -Factor Adria”, деновиве го снима видео-записот за новиот сингл за песната “Погледни во мене“, работена по текст на Боби Мојсовски, музика и аранжман Јован Василевски. Во спорот според најавите ќе учествува една од најубавите македонски женски модели.
Боби одлучи да ја продолжи соработката со проверен тим, па така и овој видео запис ќе биде дело на познатиот режисер од Охрид Даниел Јовески.
Покрај многуте ангажмани и настапи по завршетокот на шоуто, Боби заедно со неговиот бенд, ова лето, успешно го одржа и првиот солистички концерт на градскиот плоштад во Охрид, а средствата беа донирани за хуманитарни цели.
OhridNews