Источниот брег на Тајван доцна попладнево го погоди нов земјотрес, овој пат со јачина од 5,7 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот е на истото место како и вчерашниот, во близина на познатата туристичка дестинација Хуалиен. Тој потрес беше со магнитуда од 6,4 степени.

Во вчерашниот земјотрес загинаа најмалку 7 лица, а 67 се водат за исчезнати, пренесуваат светските агенции. Засега нема информации за последиците од денешниот земјотрес во Тајван.

OhridNews