Десеттина денови после освојувањето на втората европска титула, Вардар назначи нов тренер кој ќе биде замена за Роберто Гарсија Парондо. Наследник на Парондо кој замина на селекторската позиција во Египет ќе биде Давид Хосе Писонеро.

46-годишниот ракометен стручњак ќе биде трет шпански тренер на клупата на Вардар. Неговите претходници Парондо и Раул Гонзалес Гутиерез стигнаа до најголем успех освојувајќи ја титулата во ЛШ. Писонеро за клупскиот сајт изјави дека Вардар е голем предизвик за него и оти со нетрпение чека да почне со работа.

  • Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на Шампионите. – истакна Писонеро.

Новиот стратег на располагање ќе има дел од костурот на екипата која триумфираше во ЛШ, а за остатокот од тимот ќе треба заедно со управата да донесе квалитетни засилувања.

OhridNews