Фудбалерите на Тотенхем, доживеаја нов шок овој пат во Премиер лигата. „Петлите“, на гостувањето кај Брајтон претрпеа висок пораз 3-0 (2-0) во првиот натпревар од 8-та рунда во најсилното англиско првенство.

Мечот на „Американ Експрес“ стадионот започна многу лошо за гостинскиот состав. Капитенот и голманот на Тотенхем, Хуго Лорис во третата минута потешко се повреди а притоа прими и погодок. Водечкиот гол на домаќините им даде крилја и го растурија противникот. До крајот на првиот дел, фудбалерите на Брајтон зголемија на 2-0. Во второто полувреме сликата на теренот не се промени и домаќините со уште еден погодок го заверија триумфот.

„Петлите“ дефинитивно паднаа во резултатска криза. Пред дуелот со Брајтон, Тотенхем изгуби од Баерн Минхен 7-2 во Лигата на Шампиони и иднината на менаџерот Маурицио Почетино е сериозна загрозена.

OhridNews