И во новиот боксерски шампионат охридските боксери Сашо Лескароски и Бојан Ристески ги снајде стара песна да немаат противници наспроти себе во рингот.

Ова на Лескароски и Ристески им се случува веќе неколку сезони што им се одразува на формата бидејќи таа се одржува само со редовни натпревари.

Во првото коло кое се одржа во Штип единствено Илчо Јоноски влезе во рингот и претрпе тесен пораз 3-2 од битолчанецот, Александар Најдоски.

Домаќин на втората рунда од боксерскиот шампионат е Тетово, а во третата елитните боксери на едно место ќе ги собере Охрид.

Мх.П.