Повремениот селектор на македонската фудбалска репрезентација Зоран Стратев, кој го наследи Чедомир Јаневски на клупата иако го нема соопштено списокот фудбалери за последните два натпревари од квалификациите за мундијалот во Бразил на него пак ќе недостасува Горан Попов. 

Македонскиот интернационалец во Премиер лигата заедно со робусниот напаѓач Стевица Ристиќ беа избркани од селекцијата по поразот од Хрватска 2-1 на домашен терен. Од тогаш Попов не доби уште еден повик за враќање во селекцијата. 

До крајот на квалификациите Македонија гостува во Велс и Србија, а новиот селектор најави дека ќе направи се да ја спаси селекцијата од „фенерот“ во групата.

Мх.П.