Компанијата INSIDE AUTO денеска  го отвoри новиот продажен салон за светски познатиот бренд HYUNDAI.


од отворањето на новиот салон на INSIDE AUTO

КОРЕА АУТО-ТРЕЈД која веќе 10 години е  ексклузивен дистрибутер на возилата Hyundai за територијата на Македонија, во јануари 2007 потпиша  договорот со INSIDE AUTO од Охрид, за продажба на Hyundai  возилата на територијата Охрид, Струга, Ресен, Кичево и Дебар.
   
Продажниот салон е лоциран во Косел, на магистралниот пат Охрид – Битола, во непосредна близина на фабриката ЕМО. Според најавите на менаџерскиот тим во салонот на INSIDE AUTO ќе можат да се најдат или нарачаат сите модели на светски позната марка автомобили Hyundai.