Поради реконструкција на регионалниот пат Р-418,  делница  Струга-Дебар, во должина од 24 километри, од километар  16+500 до километер 40+700, од денес, утврдена е времена измена односно времена забрана на режимот на сообраќај.

Забраната за одвивање на сообраќајот ќе важи секој ден заклучно до 31.10.2009 година, во времето од 08.00 часот до 10 часот и 30 минути, од 11.00  до 13.30 часот и од 14.30 часот до 17.00 часот.
 
Се информираат граѓаните да се прилагодат кон воспоставениот режим на сообраќај на Регионалниот пат Р-418, делница Струга-Дебар, стои во дописот од Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Ohridnews