“Grand Theft Auto V” во само 24 часа од излегувањето на пазарот заработи неверојатни 800 милиони долари и ги надмина и најоптимистичките предвидувања дека во рок од еден месец ќе заработи 1 милијарда долари.
Досегашниот рекорд го држеше играта “Call od Duty: Black Ops 2” која во првиот ден заработи 500 милиони долари, а прагот од 1 милијарда го помина за 15 дена.
Пазарот за видео игри има огромна стапка на пораст, па така новите хитови на овие игри заработуваат многу повеќе пари и од најголемите холивудски блогбастери.