Охриѓанецот Дејан Ангелоски го потврди статусот „крал“ на планински трки во македонски рамки, победувајќи на Планинската трка „Титов Врв скајрејс“, која се одржа изминатиов викенд на Шар планина.

Ангелоски не само што ја одбрани титулата освоена минатата година, туку постави нов рекорд на патеката, со 20 минути подобро време. Годинава, охриѓанецот делницата долга 20 километри со 2 километри искачување ја помина за 2 часа и 19 минути.

Резултатот кој го остварив ветува многу за меѓународните предизвици кои следуваат. Останува формата да ја преточам на трките и да донесам некој голем успех за Македонија, – рече Ангелоски.

На 7 и 9 јули во Шпанија ќе се одржи Светско првенство во Планински трки, а потоа следува у23 првенството во Италија.

Во досегашниот дел од сезоната во планински трки, Ангелоски, се закити со златен медал на Државното првенство и на „Водно Матка треил“.

OhridNews