Колумбиецот Едвард Нино Хернандез е новиот најнизок човек на светот. Висок е 68,5 сантиметри, а тежок дест килограми. Поради својата висина влегол во Гинисовата книга на рекорди и така го наследил кинезот Хе Пингпинг кој бил повисок од него за 3,8 сантиметри.
Кинезот почина на почетокот на оваа година. Младиот колумбиец кој има 24 години рекол дека сака да танцува, да купи Мерцедес и да го прошета целиот свет. Тој престанал да расте кога имал само две години. Вработен е во трговски центар каде танцува и ги забавува гостите, а има и една улога во филм каде глуми опасен дилер на дрога.