Охридскиот атлетичар Јован Стојоски во дресот на Македонија имаше успешен настап на првенството за јуниори во Бугарија.
Стојоски на 400 метри вон конкуренција оствари најдобар резултат во македонската атлетска историја, а неговиот резултати беше најдобар помеѓу 13-те групи. Претходно тој победи во Белград.
Својата добра форма Стојоски ја преслика на делницата од 60 метри која ја истрча за точно 7 секунди.
- Со резултатите во Бугарија и Србија, Стојоски покажа зошто е најсериозен кандидат за Олимписките игри иако други ја користат олимписката стипендија, – информираат од АК Охрид.
OhridNews