Кубанецот Хозе Кастелар по девет дена конечно завршил со изработката на најдолгата пура на светот. Со неколкумина помагачи успеал по петти пат да постави нов Гинисов рекорд, правејќи пура од неверојатни 81 метар. Кастелар, познат и како Куето, прв пат влегол в Гинисовата книга во 2001 година кога направил пура од 11 метри.


Последниот негов рекорд изнесувал 65 метри. Тој изјавил дека рекордот за најдолга пура мора засекогаш да остане на Куба, бидејќи Куба е земјата која ги има најдобрите пури познати во целиот свет. Триковите и тајните за изработка на пурите ги научил во една фабрика за тутун кога имал само пет години.