Најмалку 1300 лица го загубија животот во серијата разорни земјотреси што од утрово ги тресат Турција, Сирија и околните земји.

Катастрофата почна утрово во 4:17 часот по локално време, кога е регистриран земјотрес со јачина од 7,8 степени според Европската макросеизмичка скала во јужниот турски град Газиантеп. По овој следеа силни афтершокови, од кои најсилниот бил со магнитуда над 6,6 степени. Цели градови и населени места се срамнети со земја. Уништени се аеродроми, пристаништа, патишта и друга инфраструктура  Сликите кои доаѓаат од Туција и Сирија се апокалиптични.

И додека спасувачите очајнички трагаат по преживеани, уследи нов силен потрес од 7,7 степени според Европската макросеизмичка скала, јавува Ројтерс, пренесуваат регионалните агенции.

Бројот на ртви расте од час во час. Турција ги мобилизираше сите расположливи сили, а помош најавија голем број држави, меѓу кои и Македонија.

Предизвик за спасителите е и студеното и врнежливо време, што дополнително ја усложнува ситуацијата

Се верува дека денешниот земјотрес е најсилен што ја погодил Турција од 1939 година.

Г..М.