Охридскиот фудбалски клуб контролните мечеви во подготвителниот период ќе ги продолжи против составот на Македонија Ѓорче Петров. Новата прволигашката тест средба за Охрид ќе се одигра утре (вторник) во Маврово со почеток во 17 часот.

Во досегашниот дел од подготовките „рибарите“ одиграа две официјални и една неофицијална средба со екипи од Првата лига. Охрид претрпе порази од Работнички (1-2) и Пелистер (0-4), а во неофицијалниот дуел изгуби од Шкупи (1-3).

Во продолжението од подготовките охриѓани ќе ги одмерат силите со Струга Трим Лум, Тиквеш и уште некој тест со екипа од Втората МФЛ. Новата сезона во Втора МФЛ стартува на 22 август.

OhridNews