Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес најави нов проект „ Грант за самовработување на лица со инвалидност“. Појасни дека станува збор за можност за основање сопствен бизнис, целосна поддршка при отворањето на сопствениот бизнис, за изработка на бизнис идејата, менторство, набавка на опрема и материјали, се, како што истакна, во висина од околу 5.000 евра, односно 310.000 денари во форма на грант неповратни средства.
Дополнително за секое ново вработување до две отворени работни места може да се добие по 92.000 денари, односно по 1.500 евра. Целосниот износ којшто може да го реализира едно лице со инвалидност доколку отвори сопствен бизнис и доколку вработи две лица би изнесувал до околу 500.000 денари.
За реализација на овој проект ќе бидат издвоени околу 59 милиони денари.
OhridNews