Поразителниот исход на Вила Парк каде Ливерпул изгуби 7-2 од Астон Вила не е единствена грижа за Јирген Клоп, откако клубот од Енфилд потврди нов позитивен случај на вирусот ковид -19. Позитивен тест добил Џердан Шаќири.

Швајцарскиот репрезентативец веднаш е префрлен во самоизолација, а како што јавуваат медиумите од островот тој нема симптоми и се наоѓа во добра здравствена состојба.

Шаќири е трет случај во Ливерпул. Претходно позитивни тестови добија новото засилување Тијаго Алкантара и сенагалскиот репрезентативец Садио Мане.

По случаен избор во Премиер лигата се тестираат фудбалери, членови на стручниот штаб и логистиката во клубовите. Резултатите од минатата недела се 9 позитивни случаи.

OhridNews