Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството РЕ Охрид, информираат дека на 1 Јули 2015 година Владата на РМ ќе објави нов повик за Националната програма за рурален развој со мерката 121, попозната како 50 – 50 која опфаќа инвестиција за модернизација на земјоделски стопанства, односно набавка на механизација за сите земјоделски стопанства која дејност е производство на житни, фуражни и индустриски култури. Финансиската подршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% инвестиција е од 50 % па се до 75% во зависност од тоа дали носителот на земјоделското стопанство е млад земјоделец, или одобрената инвестиција е во рурално подрачје и тн.
– Минимум потребни услови за аплицирање е фармерот да е запишан во ЕРЗС и да има површина од над 0,5 хектари доколку станува збор за тутун или 1,5 хектари доколку се произведува житна или фуражна култура. Потеклото на механизацијата може да биде од било каде што е разлика од ИПАРД програмата каде набавката се вршеше само од земји членки на ЕУ. Финансиските средства во оваа програма се лимитирани па спрема тоа во одлучувањето ќе игра улога и времето на аплицирање т.е. прв аплициран прв услужен. Сите заинтересирани индивидуални земјоделски производители да не го чекаат последниот ден за аплицирање, велат од агенцијата.
АПРЗ преку трибини и директни средби ќе ги информира сите ЗС во Република Македонија за условите, поволностите и начинот на аплицирање додека изработката на техничките предлог проекти е бесплатна и ќе ја изработуваат веќе добро обучените советници на АПРЗ. Планот е ТПП да се изготвуваат по електронски пат т.е. Е-Барање што е новитет во работењето на програмите со што ќе се намали времетраењето на разгледување на документацијата но и намален обем на работа со хартија.
Повикот ќе трае 60 дена.
OhridNews