Охридските фудбалери претрпеа нов пораз во тест средбите во подготвителните натпревари пред почетокот на Втората лига-запад. „Рибарите“ со 3-0 (0-0) изгубија од Дрига на гостувањето во Боговиње.

Домаќините головите за победа ги постигнаа во второто полуврема кога во составот на Охрид влегоа сите играчи од клупата. Првото полувреме финишираше без голови.

Шанса за поправен и прва победа во контролните мечеви тимот на Охрид ќе има на 10 август против Кораб на домашен терен.

Новата сезона во Втората лига почнува на 24 август.

OhridNews