Ракометниот клуб Охрид ја заврши европската авантура, откако изгуби и во вториот натпревар од Порто во втората квалификациска рунда за пласман во Купот на ЕХФ.

Ракометарите на Порто во вториот меч во кој беа домаќини славеа со 44-26 (25-13) и со вкупен резултат 81-46 обезбедија пласман во третата фаза од квалификациите.

„Гладијаторите“ иако претрпеа два високи порази не се посрамотија пред ракометната јавност и ја остварија главната цел со поминувањето на холандскиот Крас Волендам во првата рунда.

Пред охридските ракометари престои долга сезона во Супер лигата со голема надеж и квалитет за повторувањето на минатогодишниот успех кој имаше предзнак историски.

OhridNews