Ракометниот клуб Охрид го претрпе шестиот пораз во исто толку одиграни мечеви во плејофот од Супер лигата, откако изгуби од Вардар со убедливи 34-18 (15-7) во Скопје.

„Гладијаторите“ рамноправен противник беа само на стартот од мечот кога со серија 2-0 успеаја да изедначат на 2-2. Домаќините во втората половина од првиот дел со серија од 10-0 стигнаа до 15-5, а охриѓани со два голови ја раситнаа двоцифрената негатива и на одмор заминаа со минус осум (15-7).

Ротацијата во составот на Вардар во второто полувреме донесе нова свежина и крв во екипата. Најпрво, „вардарци“ стигнаа до 22-9, а потоа до највисока предност од 16 голови со кои и го завршија натпреварот.

Охрид без победа со еден освоен бод останува на дното од табелата, а во следната седма рунда на домашен терен го пречекува скопски Металург.

Во останатите мечеви од шестата рунда Еурофарм Работник со 29-27 го совлада Пелистер во битолската пресметка, а Металург со 38-26 славеше во дуелот со Пролет.

OhridNews