Репрезентацијата на Македонија претрпе нов пораз во главната рунда на Светското првенство во Египет. Овој пат, подобри од ракометарите во „црвено жолти“ дресови беа руските репрезентатвци, кои славеа со 32-20 (19-9).
Избраниците на Данило Брестовац катастрофално го отворија натпреварот, постигнувајќи само еден погодок во првите десет минути. На ниво не беше ниту одбраната, која русите лесно и без многу проблеми ја пробиваа, за високо водство од 7-1.
Македонија за нијанса се поправи, но се што успеа да направи беше одржување на негативата од шест голови. Сепак, русите пред крајот на првиот дел додао гас и стигнаа до двоцифрена предност на полувремето (19-9).
На почетокот од второто полувреме, Македонија со серија од 3-0 ја намали разликата седум голови негатива 19-12. Русите ја стабилизираа играта и на средината од второто полувреме ја вратија двоцифрената предност, поведувајќи со 24-14.
До крајот на мечот Русија ја зголеми предноста за уште два голови и ги постави конечните 32-20.
Во последниот натпревар од Мундијалот, Македонија ќе ги одмери со Белорусија. Мечот се игра в недела во 15:30 часот.
OhridNews