ГРК Охрид претпрпе пораз од вториот тим на Еурофарм Пелистер. Во рамки на плеофот од ракометната Супер лига, синоќа во Битола Е. Пелистер 2 – ГРК Охрид 26:22, полувреме 13:09.
Најефикасен кај домаќините и воопшто на мечот беше Емилијан Ѓорговски со 7 погодоци. Кај Охрид Шилегов и Кривокапиќ постигнаа по 4 гола.
На плејоф табелата по 5 одиграни кола води Еурофарм Пелистер со 19 бода (заедно со пренесените од регуларнот дел од сезоната), пред Вардар кој има 14 и натпревар помалку, додекла Охрид е 6-ти со само 1 освоен бод во разигрувањето.
Г.М.