Кошаркарскиот клуб АВ Охрид претрпе нов пораз во Втората АБА лига, откако изгуби на гостувањето кај Теодо Тиват 92-57 во заостанатиот меч од 17-та рунда од првенството.
Две слаби четвртини ги чинеше пораз охридските кошаркари за кои овој меч беше втор во 48 часови. Претходно, охриѓани гостуваат кај тимот на Босна Ројал и пораз претрпеа во драматичен меч.
Домашните кошаркари одиграа маестрално во втората и четвртата четвртина во која стекнаа 30 поени предност. Првата охриѓани ја изгубија со седум поени, а третата ја добија со два.
Поентерски во составот на АВ Охрид се истакна Рос Кенет кој уфрли 20 поени, а кај домашните Вушовиќ постигна 19, а Хаџибеговиќ 15 кошеви.
OhridNews