Во објектот „Росица“ од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, заврши реконструкција на кровот. Стариот и дотраен кров, беше заменет со нов лимен.
Вредноста на зафатот изнесува околу три милиони денари, средства обезбедени од буџетот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Претходно во овој објект беше променето осветлувањето со нови енергетски ефикасни светилки.
Во тек се работни активности за промена на дограмата во ОУ „Григор Прличев“. Нови ПВЦ-прозорци се поставуваат во сите училници на приземјето од новиот објект на училиштето. За оваа инвестиција се обезбедени 652.607 денари од буџетот на Општина Охрид.
Претходно во ова училиште беше извршена реконструкција на подовите во дел од училниците, се изврши обнова на дел од надворешните ѕидови на стариот училишен објект и беше извршена промена на дограмата на првиот кат во новиот објект на училиштето.
OhridNews