Во ризницата успеси, трофеи и рекорди, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев додаде уште едно големо достигнување во италијанскиот фудбал. Имено, Пандев, со двата погодоци за Џенова во дуелот со Беневенто кој заврши 2-2 ја проби магичната бројка од 100 голови во Серија А.

Пандев е првиот фудбалер од „екс ју“ земјите со ваков учинок, иако, во „калчото“ играле голем број фудбалери и реноминирани имиња од Балканот, кои не можат да се пофалат со учинок каков што има Македонецот.

Среќен сум за јубилејот од сто гола во Серија А. Никогаш не се надевав дека ќе ја достигнам оваа бројка. Во овој период играв на повеќе позиции, не само како напаѓач, туку и како страничен фудбалер, – изјави Пандев.

37-годишниот Пандев кој не знае за доста во клупскиот дрес на Џенова и македонскиот репрезентативен дрес во клубот 100 влезе, играјќи за пет клубови во Серија А. Најмногу голови постигна за Лацио (48), па потоа следат Џенова (27), Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1).

OhridNews