Во рамки на чествувањата по повод празникот Св. Климент – заштитникот на Охрид, на свеченост што се одржа во „Прличевата одаја“, писателот Коста Фортомар прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Благодарница за Фортомар, кој беше отсутен од здравствени причини, со која библиотеката го прогласи за свој почесен член и беше врачена на неговата ќерка Весна.

Коста Фортомар роден е во Охрид во 1933 година во стара охридска фамилија. Богатата охридска култура, природните убавини и љубовта кон пишаниот збор биле инспирација за неговото пишување. Почнал со козерии објавени во „Просветен работник”, потоа пишувал цртици и раскази. Учествувал на литературни конкурси кои го потстрекнувале да продолжи со пишување. На конкурсот на Радио Охрид за најдобар расказ во 1977 година добил I награда за расказот „Билјана” кој е печатен во весникот „Езерски глас” и во првиот број на списанието за литература „Спизалит”.

Неговите раскази биле објавувани во Нова Македонија во 1988 година добил III награда на конкурсот на подлистокот „ЛИК”. Автор е на следните дела: романот ,,Прличев горд самјак” (Радио-Охрид1992) и на збирката раскази ,,Бомба во рајот”(Mаседонија Прима,1995). Во 2004 г. во издание на „Летра“ се појавува неговиот роман „Жена“. Потоа во 2005 “Пролетта на Живко Чинго”; 2010 “Благословена земја Клументова”; 2015 “Езеро, рибари и боемот” сите во издание на Ирис-Струга.

Коста Фортомар живее и твори во родниот град.

Благодарницата – титулата почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ е востановена во август минатата година и досега ја добиле 12 познати охридски и македонски творци кои биле и се во соработка со библиотеката.

Романот „Светиот завет“ од д-р Томислав Тунтев конечно во Роднокрајното одделение

Спроти големиот празник на градот Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид д-р Томислав Тунтев на директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Гордана Змејковска и подари авторски примероци од неговите стручни книги од областа на воздухопловството. Тунтев, пригодно на библиотеката и подари и два примероци од неговата книга „Светиот завет“ посветена на Охрид, промовирана уште во 2013 а на полиците на библиотеката се најде дури шест години подоцна, благодарение на неговиот сенс дека библиотеката треба да ја има во Роднокрајното одделение.

Во овој роман опфатен е еден период од 1100 години од живеачката и пулсирањето на Охрид и охриѓани. Тунтев една година истражувал, ги проучувал делата на охридските автори, барал на интернет по разни архиви и дошол до неверојатни историски сознанија кои додека не почнал да ги става на хартија го притискале и измачувале.

Промовирана трилогијата за Охрид – книги со фотографии од градот во минатото од академик Миќуновиќ

Во рамките на осмодекемвриската свеченост во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид Беаше промовирана трилогијата за Охрид (книги со фотографии од градот од минатото до денес) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ. Промотор беше м-р Милчо Јованоски, вработен во библиотеката.

Академик Миќуновиќ зад себе има 105 книги. Последните 15 се објавени во изминативе две години и издавач е токму НУ Библиотека „Григор Прличев“.

OhridNews