Лидерите на четирите најголеми партии денеска ќе одржат нова средба во Клубот на пратениците во Скопје, со цел да најдат начин за излез од политичката криза.
Последната средба меѓу Груевски, Заев, Ахмети и Тачи се одржа во понеделникот по што беше соопштено дека лидерите на главните политички партии се договориле да се состанат повторно во наредните денови. Исто така на средбата премиерот го претставил владиниот план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото, што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од втори јуни.
OhridNews