Само што се подзаборави на сагата со Кристијано Роналдо за незадоволството во Реал Мадрид, од соблекувалната избувна ново незадоволството. Сега незадоволен е шпанскиот репрезентатицец Серхио Рамос кој побарал да биде ставен на трансфер листа.

Стандардниот репрезентативец во “црвената фурија“ пред неполн месец имаше недоразбирање со тренерот на Реал, Жозе Мурињо и мечот во Лигата на Шампиони против Манчестер Сити го започна од клупата.

Рамос после овој меч повторно е избор број еден во срцето на одбраната но кавгата со Мурињо е неприминлива пречка за поранешниот фудбалер на Севиља.

Мх.П.