Нов натпревар, стара приказна за репрезентацијата на Македонија и по гостувањето во Ирска на “Авива“ стадионот. Најавите дека ќе оствариме позитивен резултат повторно не се покажаа, а шансите за пласман на Европското првенство во Полска и Украина се сведени на минимум. Бледата игра во воведот од натпреварот и киксот на Нурединоски за вториот погодок не чинат многу, а тоа е пораз во Даблин.


Во финишот на првото полувреме погодокот на Тричковски ни ја врати надежта за позитивен резултат. Во голем дел од вториот дел владеевме со средината на теренот, преку Тричковски имавме колосална шанса да се вратиме резултатски но тој промаши “зицер“ позиција. По поразот од “детелините“ на селекторот Мирсад Јонуз му преостанува да ги прегледа грешките и до крајот на циклусот “колку толку“ да го обелат образот.

Ситуацијата во нашата Б група е многу деликатна, Словачка, Русија и Р. Ирска го делат врвот на табелата со десет бодови додека четврта е Ерменија со осум бодови, за Македонија е “резервирано“ петтото место додека “фенерот“ му припаѓа на Андора која е без бодови.

Михаил Постоловски