Маж нападнал со нож неколку војници во строгиот центар на Брисел, по што се слушнале пукотници, јавуваат светските медиуми. Локалните медиуми пренесуваат дека полицијата стрелала во напаѓачот и дека тој е тешко повреден.

Државното обвинителство го потврдило инцидентот, додавајќи дека напаѓачот е жив, но во критична состојба. Оттаму додаваат и дека човекот не бил поврзуван со терористички групи.