Едно лице загина, а две се потешко повредени при напад со мачета што се случил попладнево во покраината Баден Виртенберг, јавува „Телма“.
Според локалната полиција во нападот во близина на продавница за донер ќебап во градот Ројтлинген во близината на Штутгарт загина една жена, а двајца мажи се пренесени во болница со исеченици.
Напаѓачот е веднаш совладан и уапсен а полицијата сеуште не открива кои се можните мотиви за нападот.
Станува збор за 21 годишен Сиријец кој барал азил во Германија и тој делувал сам.
OhridNews
Убиецот од Минхен психички болен, наводно инспириран од Брејвик