Сите кои сакаат да се напијат чаша пиво, сакаат истото да биде ладно. Јапонците успеале да пронајдат нов начин како пивото да го одржат ладно во било кој момент.

Наместо фрижидер, мраз или некои други методи за ладење на шишињата со пиво, направиле смрзната пивска пена, и автомат, кој како сладолед ја испушта во вашата чаша. Пената служи како природен изолатор на врвот од чашата, која точеното пиво ќе го задржи ладно полни 30 минути.