Оттаму информираат дека приемни денови кај градоначалникот ќе бидат вторник и четврток од 12- 14 часот. Исто така, граѓаните ќе бидат примани кај градоначалникот и во едена сабота во секој месец, а првата средба на Петрески со граѓаните е закажана оваа сабота во 9 часот. Заради поголема ефикасност во решавањето на проблемите или барањата за кои граѓаните ќе барат решение или одговор, со градоначалникот ќе бидат и раководителите на секторите на администрацијата како и директорите на јавните претпријатија, најави локалната самоуправа.
Нов начин на комуникација на Општината со граѓаните
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com