Младиот музичар од Охрид, Петар Маркоски, во соработка со „Лабино продукција“, ја претставува новата преработка на хитот на Maroon 5 насловен This Love. Со оваа песна Петар го најавува новиот проект што ќе ја освежи македонската музичка сцена.

-Идејата за преработка на Maroon 5 е уште од 2010 година кога го објавив и првиот ваков проект. Еден сум од првите кој работи на ваков начин. Сепак, станува збор за уметност затоа што ја пренесувам песната во едно поинакво светло од оригиналот, онака како што јас ја чувствувам, истакна Маркоски.

Петар со музиката се занимава од мали нозе. На седумгодишна возрас како виолинист е прогласен за најдобар во својата класа и добива стипендијата за најмлад, успешен музичар. Во својата кариера има бројни настапи на фестивалската сцена, а минатата година со песната на Дарко Димитров, Паднати хероии се најде меѓу десетте финалисти во проектот „Потрага по ѕвезда“. Во меѓувреме започна со реализација на проектот “Cover Songs of the famous” што го промовира во прв македонски изведувач кој работи на преработки на странски хитови.

OhridNews