По првиот дел од првенството Нов Милениум со десет бода беше 13 – то пласиран, а една од двете победи ги извојвува токму над Охрид.
момент од куп мечот на Градски, Работнички – Нов Милениум (1-0)
“Ако клуб се расформира, спојува или го напушти натпреварувањето, по одиграната есенска сезона, а пред одигрување на првиот натпревар од пролетната сезона на првенството, сите негови натпревари од есенскиот дел се признаваат со постигнатиот резултат, а натпреварите кои требал да ги одигра во пролетната сезона нема да се регистрираат со службен резултат туку ќе се смета како неодиграни’.
Откажувањето од натпреварувањето во Македонија не е нешто ново. На стартот на шампионатот кумановски Башкими го откажа учествотото во Првата лига, додека минатата сезона Илинден од Велмеј се повлече од натпреварите во Втората МФЛ.