Храната без глутен е еден од најголемите трендови во современиот свет. Исхраната без глутен е сосема прифатлив начин на исхрана за луѓето кои сакаат да останат здрави, а кои патат од потешкотии со варењето на храната. Но, исфрлањето на глутенот на многу луѓе им помага да го подобрат имунитетот и системот за варење со што ќе го подигнат нивото на енергија.

Поради тоа не би требало да не изненади дека и некои компании кои произведуваат шминки (Bare Minerals, Afterglow Cosmetics, IT Cosmetic, Red Apple Lipstick…) одлучиле да понудат линија на козметички производи кои нема да содржат глутен. Ова е навистина големо олеснување за луѓето нетолератни на глутен, бидејќи таа состојка може да ги иритира, дури и со нанесување на кожата. Расте бројот на корисници кои внимаваат и на состојките кои ги ставаат на своето тело, а не само во него.

извор:teen385.com