Каратистот Мартин Несторовски го освои бронзениот медал во категоријата над 84 килограми и го донесе вториот медал за Македонија на Европските игри во Баку.

Првиот медал во Баку го обезбеди Емил Павлов, кој во истатата спортска дисциплина, но во друга категорија исто така го освои бронзениот медал.

За освојување на бронзеното одличке Несторовски го совлада српскиот репрезентативец Битивеќ. Во полуфиналето македонскиот каратисти беше немоќен против Германецот, Хорне.

Ohridnews