По едномесечните избори на кои учествуваа околу 800 делегати, членовите на Собранието за претседател на Здружението на пензионери за Охрид и Дебрца, а воедно и за претседател на Извршниот одбор повторно го избраа досегашниот вршител на функцијата во повеќе мандати Ѓорѓи Трпчески. За негов заменик избран е Живко Наумоски, а за секретар на Собранието и Извршниот одбор Стефан Владимиров.

За членови на Собранието во СЗПМ од охридското здружение се избрани Ристо Трајкоски и Ружа Балеска, додека управител на Клубот на пензионерите ќе биде Борис Недески.

Новиот мандат на старо-новото раководство на Здружението на пензионери ќе трае 4 години, односно до 2023 година.

OhridNews