Светската куќа на фудбалот (ФИФА) доби старо-нов предводник, откако за прв човек реизбран беше актуелниот претседател Џани Инфантино.
Инфантино немаше конкуренција во трката за претседател и без борба доби нов четиригодишен мандат. 49-годишниот на функцијата во ФИФА дојде во 2016 година после Сеп Блатер кој неславно ја заврши својата 17-годишна авантура на првата позиција.
Инфантино се вложува за фудбалот и неговото подобрување и најави продолжување на таквиот тренд. Главна цел на Швајцарецот е проширувањето на учесниците на Мундијалот од 32 на 48 селекции.
OhridNews