Александар Чеферин следните четири години ќе биде на чело на УЕФА, откако Словенцот ја доби довербата од делегатите на конгресот кој се одржа во италијанскиот град Рим.

Чеферин кој по професија е адвокат на претседателското место на УЕФА дојде 2016 година на местото од Мишел Платини кој беше суспендиран од Спортскиот суд во Лозана (ЦАС) поради корупција.

Една од многуте работи кои ги најави Чеферин беше борбата против Светската клупска лига од која најмногу загуба ќе има УЕФА под чија капа се организира Лигата на Шампиони.

OhridNews