Нема крај на малерите кои ја следат машката ракометна репрезентација пред почетокот на Европското првенство во Данска. На ден пред тргнување, петмина ракометари се пожалиле настомачни тегоби. Како што соопшти Ракометната федерација на Македонија – РФМ, се работи за стомачен вирус, а ракометарите имале медицински третман по кој се чувствуваат подобро.
„На последниот ден пред заминувањето на машката ракометна репрезентација на претстојното ракометно првенство во Хернинг, Данска, кај петмина играчи на А-тимот се појавија знаци на премаленост и нагон за повраќање. Индикациите укажуваа на симптоми при состојба популарно позната како стомачен вирус. По реакцијата на лекарскиот тим и укажаниот соодветен третман во клиничката болница „Систина“, ракометарите се чувствуваат добро и утре изутрина заедно со целиот табор ќе заминат за Данска“,се вели во соопштението од РФМ.
Претходно, поради повреда од составот отпаднаа Наумче Мојсоски и Филип Лазаров, а Ренато Вугринец не доби виза за настап на првенството.
OhridNews