Основното училиште во Мешеишта кое е подрачна единица на ОУ „Дебрца“ доби нов современ лик по реконструкцијата во која беше вклучено и локалното население.
Во обновувањето се инвестирани 1,7 милиони денари од страна на Американската агенција за меѓународен развој. Општина Дебрца издвои околу 900 илјади денари, а со еден дел учествуваа и мештаните кои работеа и на самиот објект.
Основците од Мешеишта но и од соседните села досега ја посетуваа наставата во неадекватни услови и руиниран објект.
Ohridnews