Лек, што би можел да излечи аутизам, наскоро треба да почне да се тестира на заболени деца.
Лекот наречен „Сурамин“ веќе се користи за лечење болести со спиењето во Африка, а на тестовите на глувци покажал дека ги отстранува симптомите слични на оние кај аутизам, пишува „Daily Mail“, пренесува „Макфакс“.
На молекуларно ниво, овој лек ги нормализира конекциите во мозокот и сигнализацијата меѓу келиите, а влијае и врз метаболизмот, за кои се смета дека се темел на пореметувањето.
Лекот делува на клеточниот систем кој произведува одговор на организмот на стрес. Според новата теорија, аутизмот е поврзан со овој пат.
Американските научници откриле дека лекот поправа 17 типови абнормалности поврзани со аутизмот на генетски модифицирани глувци, кои вклучуваат и проблеми со друштвеното однесување.
Аутизмот е широко распространета состојба, главно забележана кај момчињата, која влијае на способноста на личноста да се социјализира и да комуницира, а има разорно влијание на целиот живот.
„Нашата теорија претпоставува дека аутизмот се случува затоа што клетките заглавуваат во одбрана на организмот и не можат нормално да комуницираат меѓу себе, што влијае на мозочниот развој и функција“, вели професорот Роберт Навио, директор на Центарот за митохондријални и метаболички болести на Универзитетот во Калифорнија.
„Користевме лекови кои се користат речиси цел век за лечење други болести. Овојпат ги користевме за да ги блокираат `опасните` сигнали во мозокот на глушецот, допшутајќи им на клетките да се вратат во нормална состојба на метаболизам и да ја обноват комуникацијата. Секако, од исправањето на абнормалностите кај глувците до лекот за луѓе. Сепак, охрабрени сме доволно за да почнеме со мали клинички тестови на деца со пореметувања во аутистичниот спектар уште во текот на оваа година. Тестирањето е се уште во рана фаза на развој. Мислиме дека овој пристап ќе доведе до развојо на нов вид лекови кои би го лечеле аутизмот’, вели Навио.
извор:„Макфакс“