Охридските ракометари во 19:30 часот против Пелистер во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ ќе одиграат нов контролен натпревар.
Мечот со „зелено белите“ ќе биде втор во зимската пауза за „гладијаторите“ во Супер лигата по оној во Грција кој го одиграа со тимот на Едеса.
Најверојатно натпреварот со битолчани ќе биде и последна контрола за охриѓани пред продолжението од Супер лигата.
Ракометниот клуб Охрид сезонава ќе биде дел од екипите кои ќе разигруваат за титулата додека Пелистер ќе се бори за опстанок во елитата во плејаутот.
OhridNews