Свеченост по повод  испраќањето на  механизираниот пшадиски вод на АРМ во мисијата “Слобода за Ирак“, ќе се одржи денеска во касарната  “Михаило Апостолски” во Охрид.

Механизираниот пешадиски вод на АРМ кој брои 36 професионални војници и старешини, ќе биде анагажиран во рамките на коалициските сили на Ирак, предводени од Армијата на САД. Основна  задача ќе му биде да го обезбедува  кампот на коалициските сили во Таџи.

АРМ во мисијата „Слобода за Ирак“ учествува уште од 2003 година, а ова е десета ротација на македонски војници во Ирак.

ohridnews